Во петок Жичарницата нема да работи поради технички преглед

Сподели

 

Во петок, на 22 септември, Жичарницата нема да работи поради редовен годишен технички преглед, информираат од ЈСП.

Од сабота (23.09.2023 год), објектот ќе продолжи да работи вообичаено за овој период од годината, односно од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.