Автобус на ЈСП Скопје, што сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, на видиковец на планината.
Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки и ќе биде утврдена точната причина за пожарот со кој претпладнево беше зафатен автобус наова јавно претпријатие кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно – велат од ЈСП „Скопје“.
Во пожарот нема повредени лица и не ја зафатил парк-шумата „Водно“. Спречена е негово ширење благодарение на брзата реакција на возачот.
Во гаснењето на пожарот учествуваа две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита. – Благодание на брзата реакција и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината.
фото ДЗС


