Вести Македонија

Во Скопје ќе се прска против комарци по десетти пат

Сподели:

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2022 година (понеделник), ќе почне терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2022 година (петок) авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред:
 
1. Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 12.09.2022 година (понеделник) до 15.09.2022 година (четврток), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.
 
2. Авионската дезинсекција против комарци ќе се одвива на 16.09.2022 година (петок) и на 17.09.2022 година (сабота), во раните утрински часови.
 
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. 
 
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Сподели: