Во Скопје посебен режим на сообраќај во недела

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 23.10.2022 (недела) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.