Во среда повторно ќе се прска против комарци во Скопје

Сподели:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Прскањето ќе се одвива на водни површини. 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Сподели: