Вести Македонија Ударни вести

Во тек е доставувањето на решенијата за Данок на имот на Град Скопје за 2020

Сподели:

 

 

Град Скопје ги известува сите даночни обврзници дека е во тек  доставувањето на решенијата за данок на имот за 2020 година.

Сите даночни обврзници кои немаат платено данок на имот за изминатата 2019 година ќе добијат опомена за неплатен долг.

Даночните обврзници коишто нема да добијат решенија за данок на имот или доколку во истите забележат одредени неправилности, може да се обратат во Град Скопје во барака број 16, во работните денови за прием на странки, односно во вторник и во петок од 9 до16 часот.

Сите забелешки граѓаните можат да ги достават и секој работен ден од 7:30 до 19:30 часот со поднесување барање на шалтерите во архивата на Град Скопје или во канцелариите за сметководство на Град Скопје (барака број 16).

Сите граѓани, исто така,  во рок од два месеца од добивањето на решението за данок на имот можат сите забелешки и недостатоци да ги пријават  и со приклучување на сајтот на Град Скопје – е-даноци ( https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml), преку Одделот за пријавување проблеми ( http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку електронска пошта на следните адреси:  danoci@skopje.gov.mk,  anitan@skopje.gov.mk (за данок на имот).

 

Сподели: