Вести Македонија Ударни вести

Во Тетово регистрирани 6, а во Гостивар 22 претоварени автобуси и минибуси

Сподели:

СВР – Тетово потврди дека во петокот, 11 април, полицијата го сопрела автобусот на „Еуро турист“ на линијата Скопје – Гостивар, ги симнала прекубројните патници, го казнила возачот, а подготвува казна и за компанијата.

Како што објави „Порталб.мк“ околу 20 прекубројни патници се превезувале од Скопје до Гостивар, при што граѓаните се жалеле дека се гушат, а полицијата на влезот на Тетово ги симнала од автобусот „Еуро турист“.

„На 11 април 2019 година околу 19 часот и 10 минути, на влезот во Тетово, запрен е автобус кој сообраќал на релација Скопје-Гостивар и при тоа бил констатиран претовар односно патници над максимално дозволениот број. Постапувајќи согласно своите законски овластувања, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на возачот на автобусот веднаш му изготвиле мандатен платен налог, додека против правното лице ќе следува прекршочна постапка. Годинава, заклучно со денеска (15 април), на тетовското подрачје регистрирани се 6 случаи на претовар на автобуси и минибуси, кои се заокружени со исто толку поднесоци.Во истиот период, пак, на гостиварското подрачје вкупниот број регистрирани случаи на претовар изнесувал 22, кои, исто така, соодветно се санкционирани“, се вели во соопштението.

Поради големиот интерес, возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во автобус. За време на патувањето патниците се жалеле дека се гушат, но возачот се правдал дека не е негова вина, туку на сопственикот и на недостигот на линии.

Линијата Скопје-Гостивар има автобус на секои 50 минути. На влезот во Тетово автобусот бил сопрен од сообраќајната полиција и се симнале сите патници кои што стоеле.

Сподели: