Водата во Лабуништа од водоводниот систем не е за пиење

Сподели:

ЈКП Хигиена-Лабуништа ги известува своите корисници дека согласно решение бр. 26/358 од 17.09.2026г издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува водата за пиеење од селскиот водоводен систем во Лабуништа.

Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиеење. До обезбедување безбедна вода истата да се преврива 30-40 минути, објавено е на официјалната страна на Општина Лабуништа.

ЈКП Хигиена ќе ја информира јавноста веднаш по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.

Сподели: