Вонредна инспекција за 19-годишна пациентка која остана со параплегија по царски рез

Сподели:

Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи.

Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор.

По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот.

Министерството апелира да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека не завршат надлежните постапки. За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Инаку, вонредниот инспекциски надзор за случајот со 19-годишната пациентка е поради обвинувањата дек таа по царски рез во Клиничката болница во Штип останала со тешки невролошки последици, параплегија.

Сподели: