Вработена во училиште физички нападнала ученик

Сподели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“. На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 2021 до 2025 година, пријавените-вработени во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Струмица, во системот на АВРМ пријавиле лица државјани на РСМ како активни баратели на работа, кои биле надвор од државата, и на тој начин постапиле спротивно од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност по член 59 – а. Лицата кои биле во странство користеле и гарантирана минимална помош, а која требало да биде укината и со тоа на државата и нанеле штета во вкупен износ од 333.968 денари.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Џ.Б.(47) од с.Бузалково, велешко, со живеалиште во Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.03.2025 во Велес, полициски службеници го забележале пријавениот како од својот дом фрла пакување со кокаин, кое го земале две лица од велешко, а кое подоцна било пронајдено при преглед кај нив.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.О.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот и возилото на пријавениот, при што пронашле и одзеле поголема количина пиротехнички средства.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39), Е.М.(20) и против 17-годишник, сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.06.2025 во Струга, пријавените физички нападнале малолетник од Струга и му нанеле тешки телесни повреди, а му го одзеле и мобилниот телефон.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ц.(46) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2025 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот и се заканувал со остар предмет на неговата сопруга и ја оштетил вратата во домот.

На 25/26.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.П.(21) , Д.Т.(27), А.Р.(39) и Д.П.(46),  сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 25.06.2025 околу 12 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот во правец од Градско кон Велес, патничко возило „рено лагуна“ со германски национални ознаки, управувано од М.Р.(81) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.Б.(68) од Р. Србија, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

На 25.06.2025 околу 22.10 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на патот Чешиново-Облешево во близина на место викано „Чифлички бунари“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед управуван од З.М.(20) од с.Крупиште, штипско, и мопед управуван од 17-годишна малолетничка од с.Лески, виничко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил З.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Денеска (26.06.2025) во 01.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.А.(24) од Р.Србија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање од СВР Скопје-Одделение за потраги. Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.

На 25.06.2025 во 18.00 часот на Граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода C.Р.(30) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Р.Грција. Тој е предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

На 25.06.2025 во 21.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.Л.П.(45)  од Р.Бугарија, затоа што при извршена гранична контрола е констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за патничко возило „мерцедес“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Toj е предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 25.06.2025 во 21.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од регионалниот пат с.Јегуновце-с.Пршовце со регионалниот пат Тетово-с.Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотокултиватор „имт“, управуван од А.М.(67) од с.Пршовце, тетовско, патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, управувано од И.Д.(38) од Р.Косово и паркирано патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и С.Д., сопатник од патничкото возило „голф“, а со телесни повреди се здобиле И.Д. и неговата сопатничка М.Д., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(49) од с.Долно Лакочереј, охридско, удрило во Л.Ш.(65) од Австралија, со престој во Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Денеска (26.06.2025) во 06.15 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријави дека околу 01.00 часот во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот партнер И.Д.(49) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје П.Л.(48) од Скопје пријави дека околу 21.00 часот на спортско игралиште на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.06.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 25.06.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра. Имено, лицето и се јавило телефонски и се претставил како лекар, по што и рекол дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но пријавителката требало да плати. Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.06.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје И.Р.(26) од Скопје пријави дека околу 20.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од Б.„Н“. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.06.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу  Ф.Љ.А.(25) и Т.М.(44), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.06.2025 во 16.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека Т.И.(40), вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи на ул. „Козјачка“ во Куманово, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и трудов инспектор.

На 25.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(30), Е.А.(38) и М.Х.(35), сите од Скопје, затоа што околу 17.50 часот пред влез од куќа на подрачјето на Бит Пазар, физички ги нападнале И.Џ.(53) од Скопје и неговата сопруга И.Џ., при што едниот од нив употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (26.06.2025) во 04.30 часот во СВР Скопје, Л.А., А.Б. и 17-годишник пријавиле дека околу 02.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, неколку лица физички ги нападнале, при што го оштетиле и патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, со кое биле пријавителите. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 25.06.2025 во 11.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 25.06.2025 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека нивниот штитеник Р.М.(17) кој на 23.06.2025 беше пријавен дека се оддалечил од установата, се вратил. 

На 25.06.2025 во 10.45 часот во СВР Битола, М.Т.(68) од Битола пријавил дека на 24.06.2025 околу 17 часот на Градскиот базен во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.06.2025 во 18.43 часот  во СВР Битола 70-годишна жена пријавила дека на 24.06.2025 околу 23.40 часот во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Н.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.06.2025 во 16.00 часот на македонско–грчката граница, полициски службеници ги привеле А.М.(45), А.Ф.(45), А.М.(19) и 14-годишник, сите од Турција, затоа што при извршена контрола е констатирано дека оствариле нелегален влез во државата. Лицата се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, за понатамошна постапка, по што ќе следува соодветна пријава. Исто така, М.А.(29) од Сирија е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 402 ст.2  од Кривичниот законик и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.