Времен сообраќаен режим овој викенд во Скопје

Сподели

Утре со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу РК Металург и Спортинг Лисабон, Португалија.

Во недела со почеток во 17:00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Загреб, Хрватска.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.