ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок претежно сончево време со појава на локална облачност, топло и ветровито. Попладне во крајните југоисточни и источни предели постојат услови за развој на локална нестабилност која може да услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 24 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Слаб северен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 22 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота и недела сончево и многу топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината. Минималните од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 15 односно до 25 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и посвежо време, а попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и температури од 11 до 21 степени. Во вторник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и осетен пад на дневните температури кои ќе се движат од 8 до 18 степени.

Weather4all.com.mk