Денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат над 25 l/m². Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.
УХМР предупредува дека во услови на обилен дожд може да се појават локални излевања, активирање на помали реки и суводолници, па дури и заезерување на водата поради високи подземни води. Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено оние кои живеат покрај реки, ниви и ниски зони каде што водата најчесто надоаѓа прва



