Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли.
Во акцијата санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци.
Одземени се три мотоцикли поради сторено кривично дело по член 297а од КЗ безобѕирно управување моторно возило, информираат од МВР.
фото МВР


