Забрана за движење во шумите од 1 јули

Сподели:

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 1 јули и ќе трае се до  31 август 2026 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои  управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Сподели: