Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од АМСМ.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Забрана за тешки товарни возила:
- Од 05:45 часот, поради врнежи од снег, e воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
- Од 9.40 поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево во двата правца.
- Од 9.20 часот поради врнежи од снег .се воведува забрана за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка.
фото АМСМ


