Зачестени контроли на градилиштата во Центар

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, придружуван од општински служби, изврши увид на 5 градилишта во населбата Пролет и Дебар маало.

Општина Центар продолжува со спроведување на зaчестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитување на законските прописи.

„Заедно со општинските служби продолжуваме да вршиме инспециски контроли со цел доколку е потребно да изведеме брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Целта на теренските контролите е почитување на законските прописи вклучувајќи го хуманото градење и безбедноста на граѓаните. На сите инвеститори кои градат во рамки на Општина Центар им порачувам да ги почитуваат законските процедури при изведување на градежните работи, да градат согласно одобренијата затоа што во спротивно секое отстапување ќе биде санкционирано” порача Герасимовски.