Заев: Ако нема договор, избори ќе има на 21 јуни, според Уставот и законите

Сподели

 

На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, порача дека ако не се постигне договор за датум за избори, тогаш тие ќе се одржат на 21 јуни, кога и епредвидено со Уставот и законите.

„Ако не најдеме решение, законот предвидел како се решаваат сите детали. Како продолжуваат замрзнатите рокови, како се пополнува списокот со оние што наполниле 18 години до денот на гласање. Уште еднаш напоменувам, се гласа со лична карта и патна исправа. Секој над 15-16 години може да извади лична карта, и да не извади, има патна исправа. Ако по автоматизам Избирачкиот список ги има сите внатре, Избирачкиот список е завршен, јавниот увид е завршен. Во писмото господинот Дерковски го потврдува тоа дека сите постапки се завршени и се прифатливи за завршени и продолжуваат од каде што се застанати. Зошто? Затоа што законот дава решение како да продолжат таму каде се застанати. Не сакам никој тоа да го сфаќа како некој ултиматум. Не, треба да се договориме. Ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 ќе има избори со 14 кандидатски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“ – изјави Зоран Заев.

 

На вчерашната лидерска средба поддршка дале ДУИ, ДПА, БЕСА, а Алијансата за албанците излегла со датум 27 јули за да може да гласаат иселениците кои тогаш би се вратиле во земјава. ВМРО-ДПМНЕ, рече, ги даде датумите 23 и 30 август, како и 6 септември, но поради тоа што е продолжен викенд го номинираше и 13 септември.