Вести Македонија Ударни вести

Заев и Ципрас кандидати за Нобелова награда за мир

Сподели:

 

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир.

Ова го објави Виктор Нумелин, главен уредник на вестите за нобелови лауреати на новинската агенција ТТ за АНА-МПА.

“Секоја година има многу предлози и дискусии за оваа награда. Годинава зборувам за Кореја, за имиграцијата, за ситуацијата меѓу Македонија и Грција и за нивните меѓусебни преговори“, рече новинарот од Шведска.

Тој додаде дека повеќето членови на Комисијата ја ценат реченицата „идеална награда за мир да им се даде на премиерите на двeте земји“.

“Идеално наградата за мир да им се даде на премиерите на двете земји или на сите други кои учествуваа во преговорите“, изјави Нумелин.

Сподели: