Вести Македонија Ударни вести

Заев: Како 30-та земја-членка на НАТО, носиме позитивен придонес за стабилноста на Западен Балкан

 

“Како нова, 30-та земја-членка на НАТО, носиме позитивен придонес за стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан и продолжуваме да ги споделуваме евроатлантските основни принципи и вредности”.

 

 

“Од земја што генерираше кризи, се трансформиравме во земја што генерира безбедност. Немаме отворени проблеми со соседите. Ние сме единствени во регионот на Западен Балкан од таа перспектива.”

 

 

“Достигнувањата на Северна Македонија ги охрабруваат другите лидери во регионот да бидат посветени на одржување на мирот и стабилноста, да ја зголемат регионалната соработка, да го зајакнат економскиот развој и да бидат силно посветени на интеграцијата во ЕУ.” – изјави премиерот Заев од Самитот на НАТО во Лондон.

Сподели: