Заев мандатар за состав на влада, Иванов на потег

Сподели

 

СДСМ на денешната седница на Централниот и на Извршниот одбор на партијата, одлучи за мандатар за состав на влада да го утврди лидерот, Зоран Заев, јавува Нова ТВ.

Партијата на Али Ахмети синоќа одлучи да му ги даде потписите за мандат на СДСМ. Со тоа СДСМ има 49 пратеници, плус десетте на ДУИ, како и осумте потписи на БЕСА и Алијансата на Албанците, кои најавија дека ќе ги дадат потписите на СДСМ и Зоран Заев како иден мандатар за состав на нова влада.

Претседателот Ѓорге Иванов, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како мандатар не успеа да формира влада, рече дека ќе го даде мандатот на оној кој ќе обезбеди доказ за мнозинство. Но, Иванов го услови давањето на мандатот со гаранции да зачувување на унитарноста и давање гаранции за реформи во безбедносните структури.

Централното претседателство на ДУИ вчера одлучи да му ди даде потписите на Заев, но одлуката за тоа дали ДУИ ќе биде опозиција или дел од новата влада, ќе ја донесат по добивањето на мандатот.

Нова ТВ