ЗАЕВ: Минимална плата до 16 илјади денари, просечна до 30 илјади, ако не му е јасно на Груевски, марш!

Сподели

zoran-zaev-miting-sk

Зоран Заев, вечерва во Крива Паланка испрати порака до работниците, на кои им порача дека на 11 декември се одлучуваат за нивната егзистенција и повисоки плати и повика да изберат живот.

– Се обврзуваме, минималната плата во април 2017 дека ќе ја качиме на 12 илјади денари, до крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 16 илјади денари. Кога ќе порасне минималната плата, тоа ќе ја отвори спиралата на покачување и на другите плати. Државата преку буџетот ќе им помогне на домашните претпријатија. Ако народот има пари и дуќаните ќе имаат пари. Ако дуќанот има пари ќе има и повисоки плати за вработените. Така ќе има пари во државниот буџет, така државата преку буџетот ќе ги помага домашните фирми за да имаат можност да даваат повисоки плати и да отвораат нови работни места. Нашата цел е просечна плата во Македонија од 30 илјади денари. Со двајца вработени во секое семејство, тоа се илјада евра приход за достоинствен живот. Ќе гинам на терен за секој млад човек. Ќе има просечна плата од 30 илјади денари. Ако не му е јасно на Никола Груевски, марш таму! – порача Заев.