Вести Македонија

Заев: Со достојна почит кон претседателот Глигоров продолжуваме да градиме мостови и да ја развиваме Македонија!

Сподели:

На 100-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Р.Македонија, Киро Глигоров, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на граѓаните на Македонија, на СДСМ и во негово лично име со достојна почит ги реафирмира заложбите на претседателот Глигоров, придонесот и трајните вредности што тој им ги остави во аманет на граѓаните и на Република Македонија.

Претседателот Глигоров покажа како се градат мостови на соработка во земјава и во светот и со неговите идеали и визии ги отвори перспективите на граѓаните и на современа европска Република Македонија.

Во годините кога многу држави во регионот се предадоа на крвави конфликти и потоа, во годините на сериозни предизвици на регионот, претседателот Глигоров од Македонија успеа да создаде признаена и почитувана држава, подготвена да се носи со современите текови.

Улогата на претседателот Глигоров во создавањето на Република Македонија како современа држава ќе биде паметник во колективната меморија на сите граѓани на Република Македонија како со смиреност, мудрост, присебност се гради и развива држава и се придонесува за доброто на сите граѓани.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува да ја развива Република Македонија по патот што го трасираше претседателот Глигоров, на заедништво и напредок.

Сподели: