Заев: Законот за јазиците треба да се донесе оваа недела

Сподели

-“Оваа недела треба да се донесе Законот за јазиците”, изјави претпладнево премиерот Зоран Заев.

-” Девет месеци е отворена дебатата, и за мене прашањето за Законот за употреба на јазиците е затворено и тој треба што поскоро да се донесе. Порано се носеа вакви закони со завршување на парламентарните избори, пред изборот на владата. Сега е поинаку, девет месеци е отворена дебатата. Сите кажаа сѐ што имаа да кажат. Тоа е едно уставно право што не е реализирано. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација, и ќе видиме сите дека не е нешто што е тешко или болно, туку ќе ни помогне сите заедно подобро да се разбираме. Владата е стабилна и мнозинството во Парламентот расте и ќе расте. Еве, уште се разговара, но оваа недела треба Законот за јазиците да се донесе” – рече Заев.