Вести Македонија Ударни вести

Законот за употреба на јазиците помина и во Комисијата за политички систем

Сподели:

Предлог-законот за употреба на јазиците денеска со 9 гласа „за“ и 6 „против“ помина во собраниската Комисија за политички систем.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ евентуалното усвојување на овој закон ќе значи целосна двојазичност и федерализација на Република Македонија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека овој закон е неуставен и дека ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците, а ќе доведе и до дискриминација на помалите етнички заедници.

Африм Гаши од Беса порача дека решавањето на овој проблем е од државен интерес и дека употребата на албанскиот јазик како службен ќе ја зајакне стабилноста на државата, ќе се зближат граѓаните и тоа ќе биде добро за целото општество.

-“Зборувајќи за глобите во однос на непримената на јазикот, посочи дека тие не се за лица на кои не им е должност да го употребуваат, туку глобите се за институциите кои треба да обезбедат услови за примената на јазикот, а ако не ги исполнат тие услови тогаш следуваат глоби. – Да не манипулираме со граѓаните и да не велиме дека во секоја градинка и во секој дел на Република Македонија каде нема Албанци треба да се употребува албанскиот јазик, рече Шпреса Хадри.

Предлог-законот за употреба на јазиците е на дневен ред на денешната седница на Собранието на Република Македонија. Пратениците од опозицијата побараа да се тргне оваа точка од дневен ред, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја стави точката на гласање, но не го доби потребното мнозинство за да се усвои.

 

Сподели: