Заловен волк во Козле, чуван како домашен миленик

Сподели:

Вечеравечер во населбата Козле бил забележан волк кој бил чуван како домашен миленик и на себе имал синџир и каивче, објавија од ЗОО Скопје.

По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенирале од МВР, а веднаш потоа пристигнале и од стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, па волкот бил успешно и безбедно заловен.

“Во моментов волкот е безбедно транспортиран до градината, а ЗОО Скопје ќе го згрижи и ќе му обезбеди соодветна грижа и услови во иднина. Престојниот период ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица.

За среќа, оваа ситуација заврши без последици, бидејќи станува збор за питомо и мирно животно, но уште еднаш апелираме и потсетуваме дека чување диви животни како домашни миленици е забрането и исклучително опасно. Волците не се миленици и не смеат да се чуваат во заробеништво и несоодветни услови. Станува збор за диви животни кои имаат свои природни потреби, инстинкти и однесување.

ЗОО Скопје апелираат, граѓаните доколку забележат нелегално чување диви животни, истото да го пријават до надлежните институции.”

Сподели: