Вести Македонија

Запленети 22 златника на аеродромот во Скопје

Сподели:

При контрола на патник на Аеродром Александар Велики во Скопје, мобилен царински тим откри 22 златника со вредност од околу 12 илјади долари, соопшти Царинската управа на Република Македонија

thumbs_b_c_c8c9d258f85d2505a471e5c72d236829

СКОПЈЕ (АА) – Царинската управа на Република Македонија соопшти дека при контрола на патник на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, мобилен царински тим откри 22 златника со вредност од околу 12 илјади долари, пренесува Anadolu Agency (AA).

„На 13 јули 2016 година, околу 17:00 часот, на аеродромот во Скопје, за влез во Република Македонија со лет од Рим се пријави лице со иницијали Н.Р., македонски државјанин од Кичево. И покрај тоа што лицето се упатило кон зелениот канал, наменет за патници кои немаат ништо за пријавување, тоа било издвоено за царинска контрола. При контролата на личниот багаж, во патната торба, помеѓу личните предмети, завиткани во хартиена кеса, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи пронајдоа 22 златника со вкупна тежина од 307 грама. Вкупната вредност на златниците, според пронајдената фактура, изнесува 11.645 американски долари, или околу 647.578 денари”, стои во соопштението на Царинската управа на Република Македонија.

Непријавените златници се привремено задржани, а како што се наведува, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели: