Започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир

Сподели

 

Денес започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир, на улицата Mакедонскo Косовска бригада во населено место Топанско Поле.
 
На настанот ке присуствуваат градоначалникчката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, директорот на јавното претпријатие Улици и патишта Саид Саиди и на Паркови и Зеленило Скопје Зухејр Реџепи.
 
Изградбата на Мега паркот се изведува како меѓуопштинска соработка помеѓу општина Чаир и Град Скопје.
 
Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни и ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини.
 
Истовремено, во паркот се предвидени 2 нови спортски терени, 2 детски игралишта, 2 паркови за домашни миленици, една фитнес зона, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.