Заради непристрасност на Панчевски ќе му се суди Основниот суд во Велес

Сподели

 

Апелациониот суд кој расправaл по предлог од судија кој побарал надлежен суд за предметот на Панчевски да не биде суден во Основниот суд во Скопје, ќе му се суди во Основниот суд во Велес.

Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.

Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет“ пишува во дописот што од Апелација го испратиле до Основниот суд во Скопје.

Основното јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог против поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Владимир Панчевски за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување за распределба на предметите во АКМИС системот.

Во обвинението пишува дека „ обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување. Со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“.