Затворен граничниот премин „Меџитлија“ до 4.август

Сподели

 

Граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин “Ники“, а во врска со новите  протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин “Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од  00.00 часот до 04.08.2020 (вторник), – соопштуваат од МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин “Евзони“.