Вести Македонија Ударни вести

Здружението ,,Глобал” од Струмица апелира за помош по катастрофалниот пожар

Сподели:

 

Здружението ,,Глобал” од Струмица апелира за помош по катастрофалниот пожар во ГТЦ Глобал Струмица, што се случи на 02.01.2021 година.

Здружението ги повикува сите заинтересирани правни физички лица, здруженија, јавни институции, органи на локалната самоуправа согласно своите материјални и финансиски можности да донираат во санирањето на ГТЦ Глобал Струмица, кој беше опожарен во јануари. 

Паричните средства ќе бидат наменети за санирање и што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ Глобал и повторна егзистенција на стотици граѓани.

Здруженијето известува дека на 13.02 2021 година, во 19.30 часот ќе се одржи јавно наддавање за доделување договори за изведување градежно и градежно – занаетчиски работи во опожарениот објект Глобал.

 

 

Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица, заради исполнување на целите и програмите на здружението како и со примена на начелата на фер, законитост и транспарентност, спроведува постапки пред сите заинтересирани лица и пред пошироката јавност во Република Северна Македонија за набавка со јавно наддавање, која ќе се одржи на ден 13.02.2021 година во 19:30 часот.

Со спроведување на наведената постапка ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема како и за изведување на градежно и градежно=занаетчиски работи во ГТЦ Глобал Струмица во врска со штетата предизвикана од пожарот кој се случи во ГТЦ Глобал Струмица на ден 02.01.2021 година.

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат интерес за учество на јавниот повик да достават писмено барање на email на здружението: globalobnova@yahoo.com за запознавање со условите и заради добивање на сета потребна документација за учество на јавното наддавање, или да го контактираат Претседателот на здружението Стојан Манев: 075/283-103.

Сподели: