Вести Македонија

Здружението на гинеколози се сомнева во резултатите на пап-тестовите

Сподели:

pap

Уреден наод на пап-тест, но никаде потпис и печат на докторот кој стои зад резултатот и гарантира дека тој е точен. Празно е местото и за податоците на цитотехничарот. На документот може да се видат само датумот на издавање на резултатот и печатот на здравстевната установа. Вака изгледаат 98 отсто од извештаите на пап-тестовите изработени во цитолошката лабораторија на Клиниката за гинекологија и акушерство, тврдат од Здружението на приватни гинеколози. Се сомеваат во точноста на резултатите. Велат овој просек е карактеристичен за високоразвиените земји, но е далеку од македонската реалност, пренесува Телма.

Покрај сомнежите за точноста на анализите во цитолошката лабораторија на Гинекологија, гинеколозите реагираат и на времето на чекање. Велат, стара болка е резултатите од пап-тестовите да доцнат, но проблемот се продлабочува. Од последните испратени брисеви поминале дури две месеци. Голем број од пацинетите одбиват да чекаат толку долго, па брисевите ги носат во приватни лаборатории. Резултатите кои се враќаат оттаму сериозно се разидуваат со оние од јавното здравство.

Од клиниката за гинекологија ги отфрлија обвинувањата на здружението, нарекувајќи ги неосновано клеветење. Оттаму тврдат дека документите без потпис и печат се техничка грешка и ненамерен пропуст. На гинеколозите им порачаа дека доколку се соменевале во резултатите должни биле да побараат ревизија и пацинетката да ја упатат на второ мислење.

Процентот пак на пацинети со рак на грло на матка е еквивалентен на бројот на извршени колпоскопски прегледи, велат од клиниката. Ги повикаа гинеколозите да одговорорат колкав е бројот на ваквите прегледина правени во изминатите неколку години. Од клиниката тврдат и дека ставовите на претседателот на здружението не ги делат сите гинеколози кои членуваат таму. Прашуваат зошто Филиповски доколку бил незадоволен од услугите на клиниката досега не го раскинал договорот со неа. Од Министерството за Здравство пак останаа без коментар за тврдењата на здружението на приватни гинеколози. Не одговорија дали до нив стигнало укажување за проблеми со кои се соочуваат матичните гинеколози и дали и како постапиле по него.

Сподели: