Жбогар ќе го врачи Извештајот на ЕК за напредокот на Р.С.Македонија за 2019 година

Сподели

Денеска во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија „Вила Водно“, во 15:30 часот, Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар ќе го врачи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на претставник на судската власт.

По врачувањето на Извештајот, изјави за јавноста ќе дадат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот Самуел Жбогар.