Зимската служба во Скопје интервенираше со 450 тони сол

Сподели

 

Во текот на изминатата ноќ и утрово, екипите на Зимската служба на Градот Скопје активно работеа на расчистување на снегот од градските улици и булевари, како и тротоарите, до сите критични точки и пристапи до витални објекти. 

 

 

Точно во 1 часот по полноќ со сите расположливи возила се интервенираше со фрлање на 450 тони сол на сите места каде што екипите утврдија потреба, информираат од Град Скопје.

 

 

Зимската служба на Градот Скопје и екипите од ЈП Улици и Патишта будно ја следат состојбата и интервенираат според состојбата на улиците и булеварите, но и по барање на граѓаните.