ЗНМ на средба со претседателот на Кривичниот суд

Сподели

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска се сретнаа со претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев. На средбата се разговараше за подобрување на условите на новинарите што известуваат од судски рочишта и за подобрување на меѓусебната соработка.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, ја поздрави новата пракса на претседателот Џолев во поглед на транспарентноста на институцијата. „Сугериравме на институциите да одржуваат редовни брифинзи со новинарите бидејќи така се зголемува транспарентноста на институцијата и се намалува можноста за објавување на непроверени информации“, истакна Селмани.

Беше разговарано и за конкретни судски постапки што се водат против новинари. Селмани побара судиите да ја применат праксата на Европскиот суд за човекови права, кога одлучуваат за предмети против новинари.

Двете страни изразија подготвеност да организираат заеднички активности и обуки, кои имаат за цел да се олесни пристапот на новинарите во судот и да се подобри квалитетот на известувањето.

Претседателот на Кривичниот суд Џолев рече дека Судот е отворен да соработува со ЗНМ со цел да се зголеми транспарентноста и да се подобри пристапот на новинарите во судот.