Вести Македонија

ЗНМ: Одложување на донесувањето на Етичкиот кодекс за јавниот сервис

Сподели:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија да го одложи донесувањето на Етичкиот кодекс за јавниот сервис.

„Предупредуваме дека ако Кодексот се донесе во предложената форма нема да го подобри известувањето на новинарите. Спротивно, ќе предизвика сериозни последици во работата на јавниот сервис. Постои реална опасност раководството на МРТ да злоупотреби одредени членови на Кодексот со цел да прави притисок врз новинарите“, велат стои во соопштението.

Од ЗНМ сметаат дека најголем недостаток на Кодексот е мешањето на новинарската етика со работната дисциплина.

„Не смее новинар да добие отказ за работа ако одбие задача што е спротивна на етичките принципи на новинарството. На новинарите не може да им судат за евентуално прекршување на етичките норми луѓе кои никогаш не работеле како новинари и се предложени од раководството на МРТ“, велат од ЗНМ.

Од Здружението соопштуваат дека го разгледале и изготвиле суштински забелешки со цел да се подобри текстот на Кодексот.

„Но Програмскиот совет на последната седница, без никакво образложение ги одби нашите сугестии и инсистира на денешната седница да биде усвоен“, соопштуваат од ЗНМ.

Сподели: