ЗНМ се сретна со Јавниот обвинител

Сподели

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија се сретнаа со новиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, а на средбата се разговараше за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изрази загриженост дека во Македонија постои политика на неказнивост на насилството на новинари. Селмани побара од Јовевски обвинителството побрзо да ги процесуираат овие предмети со цел насилниците да се изведат пред лицето на правдата.  

Тој се пожали дека во изминатиот период обвинителството ги има одбиено пријавите за говор на омраза против новинари, без сериозна аргументација. Селмани побара обвинителството повторно да ги разгледаат овие пријави и да види дали обвинителите постапиле одговорно.

Беше договорено да се организираат заеднички обуки за новинари и обвинители со цел да се подобри известувањето на новинарите и постапувањето на обвинителите за случаи поврзано со слобода на говорот.

Јавниот обвинител Јовески вети дека ќе даде динамика на предметите за насилство против новинари и ќе ги разгледа одбиените пријави за говор на омраза против новинари. Според него соработката на обвинителството и ЗНМ е од взаемен интерес.