Вести Македонија

ЗНМ: Според “Фридом Хаус” – Македонија неслободна земја за медиуми

Здружението на новинарите на Македонија оценува дека дека извештајот за напредокот на демократијата во светот на “Фридом Хаус“ за 2017  година, во кој  Македонија се третирира како земја во развој со хибриден режим, е објективен. Најлоша оценка во извештајот Фридом Хаус дава во делот за независноста на медиумите и државата ја рангира во групата на авторитарни режими, каде таа  има контрола на најголем дел од медиумите.

„Фридом Хаус“ забележува дека Македонија е земја каде се затвораат новинари за напишани текстови, како што е примерот со новинарот Зоран Божиновски.

„Фридом Хаус“, ги препознава ставовите на Здружението на новинарите на Македонија дека главен извор на кризата во медиумите е неказнивоста на насилство кон новинарите и владината корупција на медиумите. Ваквата оценка се покткрепува со податоци на ЗНМ дека во првата половина од 2016 година насилството ескалирало со физички напади, уништување на имот и опрема на новинарите и спречување да известуваат за судски постапки.

Извештајот го потврди ставот на ЗНМ дека договорот на партиите за формирање на ад хок телото за следење на медиумите нема значително да го подобри нивното известување. Иако АВМУ по препорака на телото покренало 68 прекршочни пријави, судот нема изречено ниту една казна, а провладините медиуми продолжиле да известуваат позитивно за ВМРО-ДПМНЕ и претежно негативно или неутрално за СДСМ.

Оваа релевантна меѓународна организација тврди дека паралелното новинарско здружение отворено ги промиовира ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во враска со состојбата на медиумите.

Извештајот е последен во низата, со кој целнсо се разобличува коруптивниот медиумски систем во Македонија, за што во поседните шест години постојано алармира Здруќението на новинари на Македонија, се вели во соопштението на ЗНМ.

Сподели: