Вести Македонија Ударни вести

Зоран Петровски е новиот претседател на Управен Одбор на АДИНГ

Сподели:

 

Зоран Петровски дипл.инж.архитект, е новиот Претседател на Управен одбор и генерален директор на АДИНГ АД Скопје.

Станува збор за првиот и долгогодишен соработник на досегашниот носител на оваа прва функција во компанијата Благоја Дончев, кој воедно е еден од најсикусните кадри на компанијата.

Зоран Петровски на оваа функција доаѓа од долгогодишната позиција на заменик претседател на УО и заменик генерален директор на компанијата, додека паралелно ја врши и функцијата управител на филијалата во Казахстан.

Во годината кога се бележат одлични резултати од работењето, со неговото назначување компанијата цврсто продолжува кон остварување на зацртаните бизнис цели, информираат од АДИНГ АД Скопје.

Сподели: