Зоран Заев повреден од демонстрантите во прес-центарот

Сподели

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е со раскрвавена глава откако демонстранти влегоа во прес-центарот кадешто се пратениците од мнозинството и новинарите.

 

Демонстранти има и во главната сала на Собранието по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов претседател во Собранието.

Меѓу демонстрантите има луѓе со црни маски.

Во Собранието не се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети.

фото. СДК