Зврлевски: Формирањето на Специјалното обвинителство е неуставно

Сподели

janeva-zvrlevski-sporedba-intervjua

Специјалното јавно обвинителство за државниот обвинител Марко Зврлевски е неуставно и тоа дeнеска тој им го кажа на студентите на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Студентите прашуваа, а тој и специјалната обвинителка Катица Јанева одговараа на прашања. Притоа Зврлевски во нејзино присуство го потсети Уставниот суд дека таму има иницијатива за уставноста на СЈО, објави Сдк.мк.

– За мене формирањето на Специјалното обвинителство е неуставно. Но, така решија четирите политички партии, поради нашата неспособност, според нив, да се справиме со постапките во врска со прислушуваните разговори, да се формира друго обвинителство. Но, да не заборавиме дека има поднесено иницијатива до Уставниот суд против СЈО. Уставниот суд ќе расправа и ќе се произнесе во врска со таа иницијатива – одговори Зврлевски на прашање на студент дали за него СЈО е уставно.