123. СЕДНИЦА: ИЗМЕНИ ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА СЈО И ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ

Сподели

SOBRANIE

На денешната 123-та седница, Собранието на Македонија ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.
На дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за енергетика и на Законот за минерални суровини, по скратена постапка. Пратениците, како што е најавено, ќе расправаат и по Предлог законот за дополнување на Законот за административни службеници и Предлог законот за изменување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по скратена постапка, поднесени од пратениците од опозицијата
Се очекува на оваа собраниска седница, пратениците да дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка.
На агендата на денешната седница е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка.