15. седница на Уставниот суд

Сподели

Уставниот суд  денеска ќе ја одржи 15. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и четири предлози за одлучување со нацрт-одлуки.

Меѓу нив и предметот во кој е оспорен член од Законот за Академија за судии и јавни обвинители кој се однесува на бодирањето од усниот дел од испитот при прием на нови слушатели. 

Подносители на иницијативата се Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје

Според наводите во двете пооделно поднесени иницијативи со извршената измена во членот 45 став 13, и тоа во делот на измена на бројот „30“ со бројот „35“ се врши измена на бодовите кои се однесуваат на усниот дел од практичниот испит, кој е дел од целокупниот приемен испит за почетна обука на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, информираат од Уставниот суд.