Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто министерот Филков ги држи во фиока?

Сподели:

Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски. Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија, реагираат од СДСМ.

Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш.

Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава. Ова не е административна грешка туку свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ.

Граѓаните заслужуваат јасен одговор:

Зошто Мицкоски не го бара Груевски? Зошто документите се заглавени во Министерството за правда? – прашуваат од СДСМ.

Сподели: