Денеска се одбележува 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски. По тој повод претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши упати честитки до граѓаните на оваа држава.
“Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот.
Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности препознаваме заедничка цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани.
Нека празникот биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување.
Честит 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски!” – упати честитка, Африм Гаши.


