Премиерот Христијан Мицкоски заедно градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и министерот за култура Зоран Љутков, извршија увид во градежни активности на реконструкција на Универзалната сала- Скопје.
“Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој. Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело. Да не зборуваме пред време, да го завршиме и потоа сите заедно да се радуваме и уживаме во културните настани коишто тука ќе се организираат.
Јас сум благодарен од мое име, од името на граѓаните на Градот Скопје што овој објект после сите оние перипетии од минатото ќе добие некаква физиономија. Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело.
Би сакал да се заблагодарам на министерот, на министерството, на градоначалникот, на сите оние коишто учествуваа во подготовката на овој проект, после сите перипетии од минатото и се надевам дека во рамките на предвидениот рок и во рамките на предвидениот буџет ќе биде овој објект завршен.”


