Вести Македонија

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што има квалитетна и реална програма

Сподели:

nikola-gruevski-miting

-Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември е јасна бидејќи произлегува од сиот минат труд и од квалитетот и од реалноста на новата програма на партијата и на коалицијата, порача лидерот на владејачката партија и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вчерашниот митинг во Тетово.

– Победата е изработена со сите проекти и дела кои ги ветивме и ги исполнивме. Изработена е со повеќе од 160.000 нови работни места… Таа победа доаѓа и од квалитетот и од реалноста на новата програма „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, од повеќе од 500 страници долго подготвувани, обмислени, реални проекти, со рокови за нов напредок на сите граѓани на Република Македонија – рече Груевски.

Пред насобраните граѓани во Тетово говореше и носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Влатко Ѓорчев, која повика на одбрана на унитарноста на Македонија.

– Во Тетово граѓаните имаат јасен избор и ќе можат да гласаат за личност која силно ќе ги брани државните интереси, ќе стои зад технолошки индустриската зона и многу други проекти – рече Ѓорчев.

 

Сподели: