22 прекршувања на забраната за движење, 382 санкции за неносење маска

Сподели

 

Од 00.00 часот до 04.00 часот (27.05.2021), констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (26/27.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 382 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.