24 часовен МВР Билтен

Сподели

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (28.05.2024) во периодот од 07.00 до 15.00 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле санкционирани 22 пешаци (ТЕ-19 и ГВ-3). Најголемиот број од пешаците 18 (ТЕ-15 и ГВ-3) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 4 (ТЕ) не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 5 (ТЕ) други видови на сообраќајни прекршоци.

На 27.05.2024 во периодот од 07.00 до 15.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале и санкционирале 17 пешаци кои надвор од обележан пешачки премин или минувалиште, небезбедно преминувале коловоз (Охрид-04, Струга-10, Кичево-03).   

На 27.05.2024 во 20.50 часот во трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од с.Сарај, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.У.(59) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, самоволно узурпирал катастарска парцела во државна сопственост во Струга, каде според урбанистичкиот план била планирана изградба на улица и без соодветно одобрение од надлежен орган започнал со изградба на објект за домување.

На 27.05.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен А.Р.. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма од Скопје. Увид бил извршен.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.09.2023, при извршен преглед над пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

На 27.05.2024 во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека, при извршување работни задачи за приватна фирма во трафостаница на подрачје на Гази Баба, С.М.(56) од Скопје се здобил со струен удар и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.К.(43) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба наркотични дроги“. На 05.05.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што ги затекнале А.И. и И.М., двајцата од Кавадарци, кои заедно со пријавениот користеле хероин.

На 27.05.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, В.П.(38) од с.Рашче, скопско, пријавил дека во 14.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од И.„Н“ и И.Н. од с.Крушопек, скопско и Ј.„Н“ од с.Визбегово, скопско, при што И.„Н“ употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава проти Д.М.(32) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 21.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

На 27.05.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, Р.А.(42) од Скопје пријавил дека на 26.05.2024 околу 18.00 часот на подрачјето на Чаир, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, бил физички нападнат од Х.М., МН. од Република Турција и Т.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.Н.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.04.2024, пријавениот кој е осуденик во Казнено – поправната установа Штип, упатувал закани на М.С. од Штип, вработен во установата.

На 27.05.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.10 часот на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер И.К.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Велес, Б.К.(68) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Злетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.04.2024 во семејниот дом во пробиштипско село, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал и упатил закани на неговиот татко.

На 27.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека извршувал работни задачи – доставувач за приватна фирма, две лица физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле чанта со службени и негови лични пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

На 27.05.2024 во 17.20 во Полициската станица Центар, Е.Д.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје била касната од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против З.Р.(45) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 01.02.2024 на автопатот Тетово- Велес, полициски службеници го запреле пријавениот, при што тој на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.

На 27.05.2024, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари извршиле службен разговор со З.И.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.12.2023, при преглед над пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

На 27.05.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Д.(39) од Скопје пријавил дека на игралиште во нас.Даме Груев, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Т.М.М.(54) од Скопје пријавила дека од населба Ѓорче Петров се оддалечил С.Р.(13) од Скопје, на кој таа му е законски старател. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(73) од Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На имот во населба Рача, спротивно на Законот за градење, односно без да поседуваат правосилно Одобрение за градење издадено од надлежен орган, пријавениот изградил станбен објект. 

На 27.05.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.К.(20) од Скопје пријавила дека на 25.05.2024  околу 23.15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзиното куче биле нападнати и каснати од куче сопственост на нејзиниот сосед А.М.И..

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.О.(18) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.03.2024, при извршен преглед кај пријавената, била пронајдена и одземена марихуана.

На 27.05.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје, Б.Р.(76) од Скопје пријавил дека на ѕидовите од неговата автолакерска работилница и неговата куќа забележал оштетувања од проектили од огнено оружје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.К.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 03.11.2023 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

На 27.05.2024 во 14.30 часoт во ОВР Кичево, Џ.П.(59) од кичевското село Туин пријави дека на улицата „Београдска“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Ф.Џ.(41) од Кичево пријавила дека на улицата „Прилепска“ во Кичево била касната од куче скитник.