255 санкционирани возачи на мотоцикли, 56 без возачка дозвола

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (25.07.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 255 возачи. Од нив, 162 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 56 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на сообраќајни прекршоци.
 
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.